Францускиот претседател Мануел Макрон изјави денеска дека Европската унија треба да се разбуди бидејќи станува континент што не верува во својата иднина.

– Ние не инвестираме доволно во нашата иднина – рече Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесува „Ројтерс“.

Тој истакна дека би сакал да види Европа што може да го заштити суверенитетот, Европа која е посуштинска и Европа која има ентузијазам за својата иднина.

Макрон рече дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите за да не заостанува зад САД и Кина, особено во однос на идните технологии.