Договорот за планот за закрепнување на Европската унија (ЕУ) и повеќегодишниот буџет е најважниот момент од воведувањето на еврото, рече францускиот претседател Емануел Макрон.

– Овој договор од 750 милијарди евра е резултат на тригодишна соработка меѓу Франција и Германија. Сакам нашите граѓани да ја разберат важноста на она што се случи овие четири дена и ноќи – рече Макрон во интервју за телевизијата ТФ1, опишувајќи го договорот како историски.

Макрон рече дека договорот претставува проект за кој францускиот народ му дал доверба кога бил избран во 2017 година на претседателските избори на либерална и проевропска платформа.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор во вторникот наутро, по четири дена маратонски преговори, за план за закрепнување на ЕУ во вредност од 750 милијарди евра и седумгодишен буџет од 1,07 милијарди евра. Планот за обнова од 750 милијарди евра предвидува 390 милијарди бесповратна помош и 360 милијарди за кредити.