Германија и Франција треба да работат заедно на нова етапа на подем на Европа, со цел да се спречи запаѓање на светот во хаос и да се гарантира мирот, порача денеска од Берлин францускиот претседател Емануел Макрон.

– Европа и француско-германскиот тандем имаат обврска да не дозволат светот да западне во хаос и да го одржат на патот на мирот. Затоа Европа треба да биде посилна и посуверена – изјави Макрон во обраќање пред германскиот Бундестаг.

Тој истакна дека светот денес се наоѓа на крстопат, соочен со опасноста од „безумниот национализам и фантизам“.

– Поради тоа Франција и Германија имаат одрговорност да и ги дадат на Европа инструментите на нејзината сувереност – порача Макрон.

Францускиот претседател при тоа повика на изградба на заедничка европска одбрана, ја нагласи неопходноста од постоење на миграциска политика на ЕУ со хармонизиран систем за доделување азил и се заложи за претворање на еврото во меѓународна валута и воведување буџет на Еврозоната.

– Зарем претпочитате да останеме затворени во нашета неактивност? Битката против предизвиците на популизмот не е добиена. Потребно е да преземе нови ризици и да ја надмине сопствената нерешителност – истакна Макрон.