Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека катедралата Нотр Дам ќе биде обновена во рок од пет години, по синоќешниот голем пожар.

– Ние повторно ќе ја изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години – изјави Макрон, дополнувајќи дека катастрофата треба да биде претворена во шанса за здружување и слога.