Соработката на либералната партија Сијудаданос и екстремната десница во Шпанија ќе го доведе во прашање создавањето нова центристичка групација во Европскиот парламент, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон.

Новоизбраните европратеници од либералната партија во Шпанија ќе седат во Европскиот парламент покрај пратениците на Ренесансата, приврзаниците на Макрон, кои го чинат најголемиот дел од центристичката група „Да ја обновиме Европа“, формирана на основите на Сојузот на либералите и демократите за Европа.

Во Шпанија во тек се контактите меѓу партиите по локалните и регионалните избори, „Сијудаданос“ во повеќе локални собранија влезе во коалиција со конзервативната Народна партија, која ја поддржува екстремно десничарската партија „Вокс“.

„Сијудаданос“ одговори дека соработката со партијата на Макрон е блиска, а уште поблиска е откако партијата на францускиот претседател е интегрирана во групата на европските либерали во која, „Сијудаданос“ веќе беше во претходниот мандат.

Десничарската партија „Вокс“ го осуди француското мешање и побара од шпанската Влада да ја сочува независноста на Шпанците и најави мерки кои ќе ги преземе.