Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наметна санкции на синот на венецуелскиот лидер Николас Мадурo, како најнов обид за дополнителен притисок врз лидерот на Венецуела, јавува „Гардијан“.

Со овој најнов чекор, американското Министерство за финансии го замрзна целиот имот на синот на претседателот Николас Мадуро Гера, попознат како Николасито. Со ова, САД му забранува на Николасито да води бизнис со било кој Американец.

– Мадуро се потпира на неговиот син Николасито и други лица блиски до авторитарниот режим за да го одржи застрашувачкиот притисок врз економијата и луѓето во Венецуела – изјави американскиот министер за финансии Стивен Мнучин.

Николасито Мадуро (29) е еден од најмладите политичари во најблискиот круг на владата на Мадуро. Тој наводно има голема улога во трговијата со злато на земјата.

Според Мануел Рикардо Кристофер Фигера, поранешен шеф на разузнавачките служби на Венецуела кој избега во САД, асистент на Николасито отворил компанија за купување на злато од рудници која потоа го продава на Централната банка на Венецула по повисоки цени.

САД во моментов има наметнато сакнции за повеќе од 100 офицјални лица од Венецуела, кои ги обвинува за корупција, трговија со луѓе и прекршување на основните човекови права, вклучувајќи го Мадуро и неговата сопруга Силиа Флорес.