Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска ја повика армијата да биде подготвена за „американска инвазија“.

Неговиот апел уследи откако вчера американските медиуми објвија дека американскиот претседател Доналд Трамп минатото лето ја разгледувал можноста за инвазија во Венецуела. 

– Не можете да ја соборите гардата за една секунда, бидејќи ние ќе го браниме најфундаменталното право што го стекнавме низ историјата, а тоа е да живееме во мир- посочи Мадуро.

Тој додаде дека воена интервенција на САД никогаш нема да ги реши проблемите во Венецуела.

– Нашите вооружени сили имаат одговорност да бидат подготвени да ја бранат државната територија- наведе Мадуро.

Американските медиуми повикувајќи се на неименуван извор вчера објавија дека Трамп на 10 август минатата година на состанок во Овалната соба ги запрашал своите советници зошто САД едноставно не извршат инвазија врз Венецуела. На состанокот присуствувале и тогашниот државен секретар Рекс Тилерсон и тогашнито советник за националана безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер. Присутните на состанок му објаснувале на Трамп дека воена интервенција во Венецелеа би бил лош потег и оти со тоа САД би ја загубиле тешко стекнатата поддршка помеѓу јужноамериканските влади.

Трамп на 11 август 2017 година разговарал со претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос за инвазија во Венецуела, додека во септември на приватна вечера за врема на Генералното собрание на Обединети нации за тоа разговарал и со други претставници на јужноамериканските држави.

Белата куќа се уште не ги коментираше наводите на американските медиуми, додека портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, истакна дека „Америка ќе ги разгледа сите достапни опции со цел да се вратат стабилноста и демократијата во Венецуела“.