Во Венецуела денес се одржуваат претседателски избори каде што се очекува сегашниот левичарски шеф Николас Мадуро да победи.

Критичарите на овие избори веруваат дека Мадуро практично си обезбедил победа, забранувајќи им на двајцата најпопуларни ривали да учествуваат, а изборната комисија е составена од провладини членови.

Поранешниот гувернер Анри Фалкон за разлика од другите опозициски партии го прекинал својот бојкот на изборите со што останал како главен ривал на Мадуро.

Ројтерс објави дека САД, ЕУ и голем број латиноамерикански земји ги критикуваа изборите во кои се очекува Мадуро повторно да биде избран  за уште еден претседателски мандат од шест години.

Администрацијата на Трамп се закани со дополнителни санкции и побара од Латинска Америка да ги изостави венецуелските функционери од финансиските системи и да ги укине нивните патни визи.