Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа обвини дека САД им наредиле на властите на Колумбија да го убијат. 

– Белата куќа и даде задача на Богота да ме убие, изјави Мадуро во обраќање, што беше пренесувано во живо на државните радио и телевизија.

Како што јави ДПА, Мадуро, кој и претходно тврдеше дека Вашингтон стои за нападот врз него со дрон на 4 август во Каракас, не неведе никакви докази за обвинувањата дека Колумбија подготвува негово убиство. 

Мадуро во обраќањето нагласи дека „Бог и народот го штитат“ и доколку му се случи нешто „работничката класа треба да започне генерален штрајк и бунт“.

Венецуела се соочува со тешка економска криза, која, според западни експерти, е последица на политиката за изградба на „социјалистичка економија“ што ја спроведува Мадуро. Венецуелските власти пак за кризата ги обвинуваат САД, тврдејќи дека Вашингтон сака да ја уништи економијата на земјата.