Владата на Венецуела забрани влез во државата на повеќе камиони кои носат стотина тони хуманитарна помош за земјата. На камионите, кои останаа на границата во Колумбија, има материјали испратени од САД, Бразил и Колумбија, пишува британски Би-би-си.

Официјални лица од САД, кои го поддржуваат самопрогласениот претседател и опозиционер Хуан Гуаидо, потврдија дека нивната земја понуди хуманитарна помош од 20 милиони долари за Венецуела, но по прекинувањето на меѓународните односи меѓу владите на двете земји, меѓународната помош е одбиена.

Од друга страна, Владата на Венецуела ја пофали Русија, која е најголем сојузник на сегашниот претседател Николас Мадуро, за пратката од 300 тони хуманитарна помош претходно овој месец, и дека таа е транспортирана во земјата.

Покрај потребата од странска помош, која вклучува храна, продукти за хигиена, лекови и слично, има поголема бројка на меѓународни хуманитарни организации кои работат на територијата на земјата.

Спротиставените страни и директниот судир на опонентите Мадуро и Гуаидо, уште еднаш ги полнеше страниците на светските медиуми, откако Мадуро неколку пати силно негираше дека постои хуманитарна криза во Венецуела, а Гуаидо побара помош од САД поради недостаток на основни продукти за живот.

Минатата недела, Николас Мадуро изјави дека Русија испратила 300 тони храна и медицински материјали во Венецуела, кои ќе пристигнат на 20 февруари. Но, според пишувањата на Би-би-си, нема дополнителни детали за содржината на пратката која пристигнала, а не било дозволено ниту да се снима.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, на новинарско прашање на 21 февруари рече дека нема повеќе информации за хуманитарната помош, а руската влада за медиумите не даде соопштение околу ситуацијата.

Пан-американската здравствена организација, која директно соработува со Светската здравствена организација (СЗО) пак, објави инфомрации дека медицински материјали се испратени од Русија, поточно 7.5 тони материјали пристигнале на 21 февруари во Венецуела.

СЗО надгледувале испорачка на вкупно 50 тони лекови и медицински амтеријали минатата година во повеќе земји.

– Хуманитарните организации кои работат на територијата на Венецуела тврдат дека земјата се соочува со сериозни недостатоци на медицински продукти. Според Фармацефтската федерација на Венецуела, земјат има само мал дел од потребните лекови за населението – пишува Би-би-си.