Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро изјави за руската државна агенција РИА дека е подготвен да разговара со опозицијата.

Меѓутоа, на тие разговори, како што рече, ќе се согласи само со независно меѓународно учество.

– Подготвен сум да седнам на преговарачка маса со опозицијата и да разговарам за доброто на Венецуела, нејзиниот мир и нејзината иднина, рече Мадуро за РИА.

Собранието на Венецуела синоќа усвои закон за „демократска транзиција“ и обнова на уставот.

– Законот со кој ќе се обезбеди транзиција кон демократијата и обнова на уставот на Боливарската Република Венецуела е едногласно усвоен во прво читање, напиша опозицискиот лидер и претседател на Парламентот, Хуан Гуаидо на Твитер.

Венецуела е во нова политичка криза откако Гуаидо пред една недела се прогласи за привремен претседател на државата.

Мадуро откако повеќе европски и јужномерикански држави го поддржаа Гуаидо, порача дека тоа е обид за државен удар во режија на САД.