Белорускиот претседател Александар Лукешенко се закани во вторникот дека ќе пушти голем број мигранти во Европската унија, а особено во Германија, како одговор на санкциите од Брисел против Белорусија за наводни спорни избори, насилно сузбивање на демонстрациите и затворање на опозициските активисти.

Лукашенко, исто така, ќе го забрани транзитот на стоки од Кина и од Русија, соопштено е на седницата на владата во вторникот. Белорускиот претседател додал и дека ќе ја пушти масата мигранти и бегалци од земјите како Авганистан, Сирија, и Ирак во соседните членки на Европската унија.

– Никого нема да запираме. Луѓето се на својот пат од воените зони во ‘топлата и пријатна Европа’, а и на Германија ѝ се потребни работници – рекол Лукашенко.

Истовремено белорускиот челник најавил дека повеќе нема да дозволува трансит на стоки низ Белорусија во Русија и Кина.

– Се сеќавата ли на Шкода, на Нивеа и другите? Им кажавме, благодариме и довидување! – им рекол Лукашенко на своите министри.

Во првиот чекор затворен е белорускиот пазар, додал Лукашенко. Во вториот чекор, пак, ќе биде забранет протокот на стои низ земјата.

– Истото мора да се направи и со Германците. Пуштете ги да ги испорачуваат своите стоки во Русија и во Кина низ Финска. Или низ Украина, таму има добри рути, таму да ги достават своите стоки – иронизирал Лукашенко.

Неговите потази следеа по низата санкции од ЕУ против Минск, поради задушувањето на ланските протести поради наводно лажираните претседателски избори на кои победи Лукашенко, а Брисел ја одби поканата на Белорусија да испрати свои набљудувачи правдајќи се со пандемијата, иако во други европски земји имаше такви мисии.

Но санкциите од ЕУ и САД, по неколкугодишните заладувања на односите меѓу Белорусија и Русија, го принудија Минск да се сврти повторно кон Москва, зголемувајќи ја својата финансиска зависност.