Фото: Александар Лукашенко

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека нема да поднесе оставка сè додека и последниот полицаец од специјалните единици за сузбивање на немирите не го побара тоа од него.

– Додека и последниот полицаец од специјалната единица за контрола на немирите не ми рече да заминам, јас ќе стојам цврсто на оваа почва, рамо до рамо со вас, затоа што вие и јас немаме ништо друго, освен оваа земја – рече Лукашенко за време на посетата на специјалната полициска единица во Минск.

Претходно, специјалната белоруска полициска единица за смирување на немирите му додели највисок орден на Лукашенко – „Црна беретка“ за специјалната служба. За возврат, претседателот им додели награди на претставниците на полицијата и армијата.