Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека неговиот француски колега, Емануел Макрон, е незрел политичар. Макрон претходно изјави дека е јасно оти претседателот на Белорусија треба да поднесе оставка и да ја напушти владата заради демонстрациите што се одржуваат во Белорусија по објавувањето на резултатите од изборите минатиот месец, а канцеларијата на Лукашенко брзо одговори на тој коментар од Париз.

– Според логиката на Макрон, тој требаше да даде оставка пред две години, кога „жолтите елеци“ излегоа на улиците на Париз. Годините минуваат, демонстрациите продолжуваат, а тој е сè уште претседател – се вели во пораката на Лукашенко.

Лукашенко исто така рече дека Макрон треба повеќе да се занимава со внатрешните работи на Франција.

– Како искусен политичар, го советувам незрелиот Макрон да гледа помалку наоколу и повеќе да се фокусира на ситуацијата во Франција. Би било подобро за него да почне да ги решава проблемите во Франција – рече Лукашенко.