Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја не бара конфликт со Полска, но сака европските сили да соработуваат со Минск за решавање на мигрантската криза долж границата меѓу Белорусија и Полска, додавајќи дека ако кризата се влоши премногу, војната е неизбежна.
Белоруската државна новинска агенција Белта во понеделникот го цитираше Лукашенко кој кажа дека не би сакал ситуацијата да ескалира, по неколкунеделните тензии на границата, каде полските сили ги спречуваат мигрантите и бегалците да влезат на територијата на Европската унија.

„Сакаме на секој Полјак да му покажеме дека не сме варвари, дека не сакаме конфронтација. Тоа не ни треба. Разбираме дека ако одиме предалеку, војната е неизбежна“, рече белорускиот претседател.
„И тоа би било катастрофа. Ние го разбираме тоа совршено. Не сакаме никакво влошување“, додаде тој.
Полска и нејзините западни сојузници го обвинија Минск за поттикнување на мигрантска криза.