Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека ако Европската Унија сака нови проблеми со воведувањето санкции кон неговата земја, тоа и ќе го добие.

– Едноставно ќе кажам, за да ме разберете: ако Европејците сакаат проблеми дома поради овие санкции, тие ќе ги добијат. Нема да кажам ништо повеќе. Времето ќе покаже. Само едно ве прашувам – дајте ми информации за најголемите европски проекти во нашата земја и компаниите што се отворија на територијата на Белорусија. Да ја видиме нивната работа – рече тој.

Лукашенко праша кому и зошто му се потребни санкции.

– Ние ја штитиме државата. Ние, целата нација, сакаме да живееме во нашата земја. Ние ја браниме земјата. И тогаш тие нѐ удираат по главата со санкции за тоа? Затоа треба да одговараме – рече претседателот на Белорусија.

Премиерот Головченко, по средбата со Лукашенко, изјави дека одлуките за нови контрасанкции ќе бидат донесени во зависност од ситуацијата, пренесе „Спутник“.