Овогодинешната жетва на Северна Кореја се предвидува дeка ќе биде полоша од вообичаеното, со што ќе ги зголеми и онака сериозните недостатоци на храна во земјата, велат експертите.

Користејќи сателитски слики, швајцарската компанија „Геоглам“ соопшти дека сушата влијае на земјоделските култури во областа позната како „чинија за житни култури“.

ООН порача дека на четириесет отсто од Севернокорејците им е потребна помош во храна, а производството на земјоделски култури е на најниско ниво во последните пет години.

Недостатоците од храна се зголемуваат со меѓународните санкции кон Северна Кореја во врска со нејзината програма за оружје.

Во мај, оброците на храна – со кои се храни околу 70 отсто од севернокорејското население – беа намалени од 550 грама на 300 грама по лице, по лошите резултати во раната жетва оваа година.

Северна Кореја претрпе големи суши пролетта и летото, а во септември земјата беше погодена од тајфунот Линглинг, кој го поплави земјоделското земјиште.