Британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на Европската Унија во Брисел во рок од неколку дена, според планот на Владата на премиерот Борис Џонсон, пишува „Гардијан“.

Во обид да се зајакне пораката дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ до 31 октомври, британските дипломати, како што се наведува, престанале да присуствуваат на секојдневните состаноци во Брисел.

Овој чекор е во согласност со првото обраќање на Џонсон во Долниот дом на парламентот, кога рече дека ќе ја ослободи британската дипломатија од евроспките работи.

Експертите сметаат дека симболичното повлекување ќе ја остави Британија без увид во одлуката на ЕУ што би можело да им штети на националните интереси.