Лондонскиот полицаец Вејн Казeнс (48) е обвинет за киднапирање на Сара Еверард (33) од улица во Лондон додека таа се движела кон дома, а потоа и ја убил.

По обемната полициска истрага, Казeнс денес ќе се појави пред британскиот суд и ќе се изјасни за својата вина, објави лондонски „Гардијан“.

Полицијата соопшти дека остатоци од телото на Сара Еверард биле пронајдени во шума во Ешфорд, во покраината Кент, минатата среда и потврди дека неколку стотици полициски пропадници биле ангажирани во овој случај, при што и натаму се истражува зошто и како е убиена Еверард.