Лондонскиот аеродром Гетвик вечерва ги откажа сите летови поради проблеми со контролата на летање во контролната кула. Поради ова, стотици патници останаа без транспорт.

-Поради проблеми со системите за контрола на летање во контролната кула на Гетвик, летовите во моментов се откажани- пишува на твитер-профилот на аеродромот.

-Работиме со ANS, нашиот оператор за контрола на воздушниот сообраќај, за да го решиме проблемот што е можно поскоро. Се извинуваме и ги советуваме нашите патници да ги проверуваат информациите за летовите со нивните авиокомпании- со додава во официјалното соопштение.

Агенцијата „Ројтерс“ известува дека авионите кои треба да слетаат се пренасочуваат кон другите аеродроми во Лондон.