Стотина демонстранти денеска ги блокираа главните мостови во центарот на Лондон, барајќи од британската Влада сериозно да работи на климатските промени.

Блокирани се пет мостови во Лондон, а британската полиција посочи дека поради тоа возилата на Брза помош отежнато ги поминуваат мостовите.

Учесниците на протестите носат транспаренти на кои е напишано „За живот на сите на земјата“, „Климатски промени/масовно убиство“, како и „Спиеме додека нашата планета цвили“.