Лидерот на Исламска држава (ИСИС), Абу Бакр ал Багдади, во пропагандно видео најави нови напади против Западот. Со првата снимка во пет години, најбараниот терорист ги поби шпекулациите дека е убиен пред неколку години.

Џихадистот, за кого САД нудат 25 милиони долари, порача дека бомбашките напади врз цркви и хотели во Шри Ланка, во кои настрадаа над 250 лица, се „дел од одмаздата“ што го очекува Западот поради офанзивата против ИСИС.

Коалицијата за борба против ИСИС, предводена од САД, предупреди дека иако терористичката група е ослабена и ги загуби териториите, таа сепак претставува моќна закана, а нејзини припадници може да извршат напади во Ирак и во Сирија. ОН соопшти дека ќелии на ИСИС има и во Либија и во Иран.