Лидерката на Хонгконг Кер Лам даде искрено извинување за нејзиното справување со предложените мерки за екстрадиција, но сепак ги игнорираше повиците од политичките противници за оставка, пренесува „Јуроњуз“.

– Морам подобро да работам – рече таа пред новнинарите, откако на улиците во градот излегоа околку два милиони демонстранти против законските промени кои би дозволиле властите да испраќаат некои осомничени на судење во Кина.

Таа кажа дека непопуларниот закон нема да биде изгласан na моментална законодавна седница, но формално одби да го повлече.

– Во насока на препознавање на анксиозноста и стравот предизвикани од новиот закон во последните неколку месеци, доколку немаме доверба од народот нема да продолжиме со целиот процес. Доколку адекватно не се реагира, процесот застанува тука – рече Лам.

Претходно најавените планови за овој закон предизвикаа страв во Хонгконг, чии жители го гледаат владеењето на Комунистичката партија на кинескиот претседател Си Џинпинг како голема закана.

Силната реакција исто така ги нагласи и стравувањата на Хонгконг дека го губи специјалниот автономен статус кој го вети Кина кога ја презема контролата врз градот од Велика Британија во 1997 година.

Минатонеделните демонстрации беа слични на оние во 2014 година, кога луѓето кампуваа на улиците барајќи директни избори за првите луѓе на власт, кои ги бира комитет близок со Пекинг.