Дваесетгодишен либиски мигрант е обвинет дека се обидел да силува три жени во една ноќ, расекувајќи и прободувавајќи една од своите жртви девет пати, пренесува францускиот портал „20 Mинути“.

Нападите се случиле во текот на ноќта кон 29 јуни во Бордо, но деталите биле откриени дури неделава.

Полицијата прво била алармирана за напаѓачот околу 3:45 часот утрото на 29 јуни откако бил пријавен обид за силување во регионот на Кур ду Медок. Жената тврдела дека била нападната на улица од маж и ѝ дала опис на полицијата пред да биде однесена во локална болница.

Описот ѝ овозможил на полицијата за кратко време да го идентификува и уапси либискиот мигрант, кој исто така бил хоспотализиран поради повреда на раката.

По апсењето, две други жени пријавиле дека биле сексуално нападнати таа ноќ во близина на областа, кога бил пријавен првиот напад. Едната од нив, 24-годишната Каролин, тврдела дека напаѓачот ја прободел и девет пати ја исекол со ножот по лицето, вратот и торзото.

Нелегалниот либиски мигрант оттогаш е обвинет за обид за силување од лице под дејство на алкохол, обид за силување со насилство, обид за убиство, насилство врз лице под дејство на алкохол и насилство врз службено лице.

Насилните напади се случиле само неколку дена откако во Бордо била забележана серија од седум одделни напади со ноќ за само два часа минатиот месец. Од седумте нападнати, петмина биле однесени во локалните болници со сериозни повреди.

Силувањата, обидите за силувања и насилните злосторства беа во пораст низ Франција минатата година, а службата за статистика ССМИ при француското Министерство за внатрешни работи известува дека насилните сексуални злосторства се зголемиле за 12 отсто во 2019 година.