Либискиот воен лидер Калифа Хафтар прифати прекин на огнот, рекол германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, по состанокот со бунтовничкиот либиски генерал во Бенгази.

– Прифати да го почитува прекинот на огнот иако не го потпиша договорот на почетокот на неделата во Москва. Тоа е многу важно – рекол Мас.

Мас се сретна со Хафтар денеска кога средбата меѓу либискиот воен лидер и неговиот главен противник, премиерот Фајез ал-Сераџем, во Москва претходно оваа недела заврши со непотпишување договор за прекин на огнот.

В недела во Берлин треба да се одржи меѓународна конференција за Либија, која на маса треба да ги седне Хафтар и Ал-Сераџем.