Бродови на либиската крајбрежна стража пресретнаа повеќе од 500 мигранти во четири гумени чамци кај западниот брег и ќе бидат вратини во Либија, изјави портпаролот на крејбрежната стража Ајуб Касем.

Тој појасни дека крајбрежната стража пресретнала еден чамец со околу 100 мигранти, близу градот Сабрата, на 70 километри западно од Триполи. Останатите три чамци, крајбрежната стража ги пресретнала источно од Триполи.

Мигрантите се префрлени во еден од неколкуте прифатни центри, од каде ќе бидат вратени во Либија.