Либерално-демократската партија, Зелените и влијателната партија од Велс, Плејд Кумру, на еден месец пред изборите во Велика Британија, формираа коалиција која ќе се залага за останување на Британија во Европската унија.

Претставниците на партиите се договорија дека ќе истакнат само по еден заеднички кандидат во 60 изборни окрузи – либералните демократи 43, Зелените – 10 и Плејд Кумру – седум, а за три окрузи допрво претстои да се договорат.

Британскиот премиер Борис Џонсон сака, од друга страна, брегзит да се спроведе што е можно порано, а опозициските лабуристи ветуваат дека со Брисел ќе договорат нов договор за раздужување, кој ќе се стави на референдум, притоа нудејќи и опција за останување во ЕУ.