Либанските безбедносни сили вчера ги предупредија луѓето во Либан да не ја користат мобилната апликација CallApp поради сомнителна активност поврзана со Израел, пренесува „Мидл ист монитор“.

– Во рамките на постојаното следење на сомнителните апликации, особено оние создадени од израелскиот непријател, неодамна се појавија сомневања за апликацијата CallApp – се вели во соопштението на Генералниот директорат за државна безбедност.

Директоратот ги повика либанските граѓани да не ја користат апликацијата, додавајќи дека таа им овозможува на своите корисници „да ги контролираат и управуваат сите повици на нивните паметни телефони“.

– Опасноста на CallApp лежи во неговата способност да ги контролира сите податоци за контакт на телефонот – се вели во соопштението.