Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не го смета за провокација лансирањето ракети со краток дострел од Северна Кореја.

Тој додаде дека претставниците на Пентагон оцениле дека станува збор за „редовна ситуација“.

Овие ракетни тестирања на Северна Кореја беа извршени по заедничките воени маневри на САД и Јужна Кореја и среде напорите на Вашингтон да воспостави официјален контакт со Пјонгјанг, наведува Би-Би-Си.

Тестовите на Северна Кореја ги потврдија официјалните лица на САД и Јужна Кореја, кои прецизираа дека „биле истрелани две крстосувачки ракети“ во Жолтото Море.

– Научивме дека ништо не се сменило. Нема ништо ново во нивните постапки – рече претседателот Бајден.

Резолуциите на Советот за безбедност на ООН, кои резултираа со санкции против Пјонгјанг, забрануваат тестирање на борбените ракети со балистички ракети.

Северна Кореја потврди дека се лансирани небалистички ракети, нагласувајќи дека овие тестови не прекршуваат ниту една резолуција на Советот за безбедност на ООН, објави Би-би-си.