Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска предложи да се прошири Советот за безбедност на Обединети нации со претставници од земјите во развој од Африка, од Азија и од Јужна Америка.

Тој додаде дека актуелниот состав на СБ не е во согласност со реалниот баланс на моќ во светот.

– Се согласувам дека сегашниот состав на најважното тело (СБ) не го одразува реалниот однос на светските сили, истакна Лавров.

Тој додаде дека Индија и Бразил се најверојатни земји кои би пристапиле кон СБ на ОН.