Рускиот минисер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека сириската влада го има секое право да ги истера „терористите“ од енклавата Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.

Тој додаде дека во тек се разговори за воспоставување хуманитарен коридор. 

Лавров рече дека комуникацијата меѓу Русија и САД за Сирија се одвива во вистинско време и дека Русија нема планови да ги крие своите акции таму.

Лавров вчера го предупреди Западот, „да не си игра со оган“ во Идлиб.