Вашингтон нема право да манипулира со Советот за безбедност на ОН и со Секретаријатот на ОН обидувајќи се да го казни Техеран за неговиот став за Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА) за иранската нуклеарна програма, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по разговорите со својот ирански колега Мохамед Џавад Зариф, пренесува ТАСС.

– Ако овој план не одговара на логиката на сегашната американска администрација, ако речат дека тоа е лош договор, тоа е став на Вашингтон. Но, Вашингтон нема право да го казнува Иран со злоупотреба на овластувањата на СБ на ОН и со манипулирање со УНСЦ и Секретаријатот на ОН – истакна тој.

Пред разговороте со Зариф, Лавров истакна дека Русија силно ќе се спротивстави на обидите за манипулирање со Советот за безбедност на ОН во врска со настаните што го вклучуваат планот за акција.

– Решени сме да се спротивставиме на сите обиди да се искористи ситуацијата за манипулирање со Советот за безбедност на ОН и да се промовира антииранската агенда. Несомнено ќе го поставиме ова прашање во сите мултилатерални меѓународни формати. Ситуацијата со Заедничкиот сеопфатен план за акција е загрижувачка. Се случуваат одредени настани во Виена, состанок на одборот на гувернеритер на Меѓународната агенција за атомска енергија, а постојат и неколку идеи на кои работат нашите западни пријатели во Њујорк – рече тој.