Русија ќе возврати на можните нови санкции од Западот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за ТВ Канал Русија 1.

– Принципот на реципроцитет во меѓународните односи не е укинат. Ќе видиме што предвидуваат новите санкции и, се разбира, ќе реагираме на тоа. Нема да помине без соодветна реакција – предупреди Лавров, пренесува ТАСС.