Ќе бидат потребни децении за да се воспостави нови полицентричен систем во меѓународните односи, но тоа на крај ќе донесе постабилен и побезбеден светски поредок, истакна денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој на конференцијата „Меѓународната соработка во проблематичниот свет“ во виетнамскиот град Хо Ши Мин наведе дека светот влегол во ера на различни имиња, но оти тоа не може да  нарече постбиполарна фаза.

– Суштината е воспоставување на праведен полицентричен систем кој е постабилен и подемократски, посочи Лавров.

Тој потенцира дека постојат спорови за новиот систем на меѓународните односи и страв дека истиот би бил помалку предвидлив и понејасен од мултилатералниот или биполарниот свет.

– Овој период на турбуленции еден ден ќе заврши. Тој ќе трае долго, но ерите никогаш не се обликуваат преку ноќ. На крај ќе имаме далеку подоверлив и посигурен систем кој на земјите ќе им даде повеќе шанси да ги искористат своите можности за економски и социјален развој. Не се сомневам во тоа- посочи Лавров.