САД и Северна Кореја веројатно не ќе можат сами да го решат прашањето на Корејскиот Полуостров, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, вреди да се поддржи дијалогот меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, бидејќи е многу важно да се решат прашањата помеѓу овие две земји, вклучително и она за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

– Меѓутоа, јасно е дека тие прашања во целина не можат да се решат на билатерален начин – нагласи Лавров, осврнувајќи се на вчерашната средба на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур,

Трамп и Ким по средбата потпишаа заедничко соопштение со кое Северна Кореја се обврза дека ќе изврши денуклеаризација на Корејскиот Полуостров во замена за ветување од САД дека ќе и пружи безбедносни гаранции.