Најмалку 15 лица загинаа, а 34 се повредени денеска кога лавина се одрона врз хотел во градот Абанкај во јужниот дел на Перу.

Градоначалникот на Абанкај, Еваристо Рамос соопшти дека под притисокот на лавината, се урнале покривот и еден од ѕидовите на хотелот „Алхамбра“, каде во тоа време се одржувала свадбена прослава.

Според Рамос, на свадбата присуствувале околу 100 гости.

Засега нема информации дали меѓу жртвите се и младенците.