Британскиот премиер Борис Џонсон треба јасно да се обврзе пред парламентот дека Велика Британија нема да излезе во ЕУ без договор, доколку ја сака поддршката за одржување на предвремени избори, изјави портпаролката на опозициските лабуристи, Дајан Абот.

Таа го повтори ставот на лабуристите дека опозициската партија не може да го поддржи одржувањето на предвремени избори се додека не биде сигурна дека брегзит без договор повеќе не е опозиција.

– Еден начин е Џонсон да дојде во парламентот и да се обврзе пред Долниот дом дека без оглед на тоа што ќе се случи, тој нема да ја изнесе Велика Британија од ЕУ без постигнат договор. Исто така, многу конзервативни членови на парламентот ќе бидат задоволни … Да почекаме и да видиме дали ќе го направи тоа – рече Абот.