Куќите и деловните простории на Флорида, кои пред една недела беа зафатени од ураганот Мајкл и останаа без електрична енергија, сега се мета на вооружени крадци.

Според шерифот Џими Стенфорд, секоја ноќ откога подрачјето на Флорида беше зафатено од ураганот се апсат по десетина крадци.

Во некои делови на Флорида луѓето со спреј напишале предупредување дека ќе пукаат во крадците.

Викторија Смит, жителка на Флорида, за весникот „Њуз Хералд“ изјави дека крадците влегле во нејзината куќа додека таа и четирите деца спиеле и и ја украле ташната во која било се што имале вредно.

Во ураганот на Флорида загинаа најмалку 16 лица, соопштија државните власти за итна интервенција.