Високиот советник на претседателот Доналд Трамп, Џеред Кушнер, изјави вчера дека Израел нема да продолжи со својата одлука да го примени суверенитетот на делови од Западниот Брег без одобрението на САД, што нема да се случи уште некое време, пренесува „Брејтбарт“.

– Претседателот Трамп е посветен да ги повикува на одговорност и Израел се согласи со нас дека нема да продолжат без наша согласност. Не планираме да дадеме согласност уште некое време бидејќи во моментов фокусот треба да биде на спроведување на овој нов мировен договор – рече Кушнер осврнувајќи се на неодамна потпишаниот договор за воспоставување на формални односи меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел.

И ОАЕ и САД соопштија дека прашањето за анексија е стопирано пред договорот. Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека нема промени во неговата заложба за примена на суверенитетот и Трамп засега побара само да ги паузира плановите.

Поздравувајќи го односот заснован на силна доверба меѓу Трамп и Нетанјаху, Кушнер рече дека израелскиот лидер го уверил Вашингтон оти нема да продожи со плановите без американска поддршка.

– Тој не увери дека нема да го стори тоа без наша согласност и тоа е доволно добро за нас. Веруваме дека договорот ќе се одржи – рече Кушнер.

Осврнувајќи се на Западниот брег, Кушнер продолжи:

– Тоа е земја што Израел сега ја контролира. Израелците живеат таму. Не оди никаде Не треба да има никаква итност да се примени израелскиот закон. Значи, веруваме дека тие ќе се придржуваат кон договорот. Навистина сакаме да оствариме што поголема размена помеѓу Израел и ОАЕ и навистина сакаме Израел да се фокусира на создавање нови односи и нови сојузи – додаде тој.

Мировниот план на Трамп предвидува Израел да анектира 30 отсто од Западниот брег и долината на Јордан. Исто така, се разграничува демилитаризирана палестинска држава основана на поголемиот дел од Западниот Брег со делови од источен Ерусалим, кои се наоѓаат надвор од израелската безбедносна ограда, како нејзин главен град.

На брифингот, Кушнер изрази уверување дека планот на Трамп може да го реши израелско-палестинскиот конфликт, но додаде дека треба да го убедат палестинското раководство.

– Ние им пристапивме и рековме дека примената на израелскиот суверенитет е на стендба.ј Нивниот кредибилитет навистина е на најниско ниво досега, па дури и луѓето кои сакаат да им помогнат на Палестинците велат дека не можете да им помогнете на луѓе кои не сакаат да си помогнат себеси – рече тој.

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, свика итен состанок како одговор на, според него, очајната одлука за воспоставување дипломатски врски. Тој, исто така, го отповика својот амбасадор од Абу Даби.

Кушнер одговори, велејќи дека светот почнува да ја блокира „бучавата“ што доаѓа од палестинските власти, нарекувајќи го нивниот одговор на објавата предвидлив и нелогичен. Неколку часа по објавувањето на договорот, Кушнер рече дека има многу голема шанса да се потпишат повеќе договори во следните три месеци.

Во првото интервју за мрежа во Емиратите, Нетанјаху изјави за „Скај њуз Арабија“, со седиште во Абу Даби, дека Израел претпочита мир со арапските земји пред анексијата на Западниот Брег.