Австрискиот канцелар Себастијан Курц одбегнал да го коментира историскиот дебакл на сестринските ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во Германија, а ниту му ја честитал победата на изборите на канцеларскиот кандидат на СПД, Олаф Шолц.

Како што пренесуваат австриските медиуми, реакцијата на Курц во однос на ова прашање била воздржана.

– Исходот од изборите во Германија остава можност за разни констелации, а во наредните недели ќе се покаже кој ќе го постави канцеларот – изјавил Курц за агенцијата АПА.