Австрискиот канцелар, Себастијан Курц изложен голем меѓународен притисок да ја прекине коалицијата со Слободарската партија по аферата што ја тресе австриската влада.

На видеото од 2017 година се гледа како вицеканцеларот и претседател на Слободарската партија, Хајнц Кристијан Штрахе, на наводна внука на руски милијардер и нуди државни работи за финансиска помош на неговата партија.

Тој денеска поднесе оставка од функцијата и изјави дека бил пијан.

На видеото снимено во Ибица покрај партискиот претседател Штрахе присутен е и потпретседателот на Слободарската партија, Јохан Гуденус кој денеска исто поднесе оставка.

Курц требаше да се обрати до јавноста со одлука за иднината на владата, но терминот за конференцијата беше одложен.

Медиумите пренесуваат дека Курц остварил бројни телефонски разговори, не само со австриски политичари туку и со колеги од странство.

Наводно се јавила и новата шефица на германската ЦДУ Ангрет Крамп Каренбауер која го советувала да ја раскине коалицијата.

Слични пораки добил и од страна на други германски партии.