Издавањето европски пасош не значи секогаш дека може да се избегнат санкциите и забраните во Европската Унија

Купувањето европски пасош не значи дека може да се избегне казна за претходно издадената забрана на виза или за замрзнување на средствата, како што соопштуваат официјални лица, бидејќи било забележано драстично зголемување на издавањето на овие пасоши во изминатите години, како што пренесува „ЕУ обсервер“. Тероризмот многу почесто од политиката бил речиси единствената причина поради која државјаните на Европската Унија (ЕУ) се нашле на црната листа во минатото.
– Патната забрана значи дека личноста не може да отпатува во друга држава освен во матичната според националноста (затоа што на лицето не може да му биде одбиен влез на територијата на земјата од неговата националност). Ако некој европски државјанин е подлежен на рестриктивни мерки, како што е замрзнување на средствата, тогаш блокирањето на банкарските сметки и средства треба да се потврди од страна на сите 27 членки на ЕУ. Тие исто така треба да се погрижат економските ресурси да не ставени на располагање за субјектите контролирани од наведените лица – изјави еден европски претставник за „ЕУ обсервер“.

На пример, ако некој Русин купи кипарски пасош и потоа стане предмет на европски санкции, тогаш ќе му се дозволи влез и излез од Кипар, но не и во другите членки на ЕУ. Кипар сè уште ќе биде должен да му ги замрзне сметките или да го спречи да оди во посета на своите роднини или фирми.
Појаснувањето следуваше откако новинската агенција „Ал џезира“ неодамна пренесе дека Кипар им продал стотици пасоши на „политички ризични лица“ од Русија и од Блискиот Исток. Малта исто така масовно им издавала пасоши на руски тајкуни. Властите во Валета забележале зголемување на барањата од руски државјани по 2014 година, кога ЕУ првпат почна да ги става Русите на црната листа поради руската инвазија на Украина.
Во меѓувреме, бројот на европски санкции најверојатно ќе се прошири во иднина откако блокот неодамна се согласи да се воведе нов режим за сајбер-криминалци и злоупотребувачи на хемиско оружје. Унијата исто така преговара за да се стават на црната листа сите оние што бескрупулозно ги прекршиле човековите права низ светот.
Системот на ЕУ еднаш веќе беше ставен на тест со ваков пример преку добропознатиот случај во Кипар во 2011 година. Кипар му издал европски пасош на сирискиот олигарх Рами Махлуф во јануари истата година.

Два месеци подоцна, ЕУ го стави на црната листа поради ѕверства извршени во сирискиот режим. Кипар не откри дали ги замрзнал средствата на Махлуф, но Никозија му го укина неговото државјанство во 2012 година. Во меѓувреме, европски претставници истакнаа дека членките веќе имале претходно искуство со наметнување санкции врз европски државјани заведени во европскиот регистар за борба против тероризмот.
Во прегледот на европската база на податоци беше откриено дека на црната листа се наоѓаат девет француски, шест германски и еден шведски државјанин поради членство во екстремистички исламистички групи. Исто така на неа се наоѓаат и десет британски државјани заведени кога Велика Британија сè уште беше дел од ЕУ.