Кувајт денеска побара одржување на седница на Советот на безбедност на Обединети нации поради насилството на границата на Појасот Газа со Израел.

Палестинското Министерство за здравство претходно соопшти дека 52 Палестинци загинаа, а над 2.400 се повредени при денешниот протест на границата помеѓу Појасот Газа и Израел поради отворање на Амбасада на САД во Ерусалим. Меѓу загинатите има и шест деца помлади од 18 години.