Доналд Трамп со тогашната девојка Меланија Кнаус, Џефри Епстајн и Гислејн Маквел во Палм Бич, Флорида на 12 феврувари 2000 година

Милијардерот беше поврзан со познати имиња како Доналд Трамп, Бил Клинтон и принцот Ендрју пред неговото апсење во јули оваа година

Познатиот финансиер и милијардер Џефри Епстајн, чие самоубиство ги наполни страниците медиумите во САД и светот, имаше многу богати, моќни и познати личности како пријатели во текот на својот живот, како дел од неговиот ракошен животен стил во елитните делови од Њујорк и Флорида, пишува „Гардијан“.

Поголем дел од овие луѓе кои се поврзувааt со Епстајн се дистанцираа од него, по неговото апсење и обвиненија дека предводел операција за секс-трговија која намамила голем број на малолетни девојки на возраст од 13-14 години во неговиот дом, на Мехнетн, во периодот помеѓу 2000 и 2005 година. Сепак, според најновите објавени документи, оваа мрежа вклучувала политичари, личности од шоубизнисот и некои од најбогатите бизнисмени на светот.

Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Епстајн „одличен човек“ и „забавен лик“. Епстајн двапати го посетил клубот на Трамп на Флорида во 1997 и 2000 година, неколку пати сликајќи се со тогаш иднен претседател. Во личниот адресар на Епстајн кој беше објавен во 2009 година, навнодно содржел 14 телефонски броеви на Трамп и членови на неговиот персонал.

Бил Клинтон

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон во неколку интервјуа го има пофалено Епстајн за неговата интелигенција и добротворна работа. Според некои информации, Клинтон повеќе пати се возел со прифатниот авион на озлогласениот милијардер. Тој отфрли дека бил близок со сега починатиот Епстајн, и летовите со приватниот авион ги поврза со нивната соработка за добротворни цели за помош на земјите во развој.

Принцот Ендрју

Синот на британската кралица, принцот Ендрју, беше долгогодишен пријател со Епстајн, а нивното пријателство датира од раните 1990-ти години. Навнодно, двајцата моќници во минатото биле забележани на забави на Сен Тропе и во Тајланд. Бакингемската палата објави дека целосно ја негира поврзаноста меѓу војводата од Јорк и Епстајн за било какво недолично однесување.

Алан Дершовиц

Професорот по право на еден од најпрестижните универзитети во светот Харвард, Алан Дершовиц, исто така беше поврзан со Епстајн. Неколку жени тврдеа дека тој учествувал во операцијата за секс-трговија на милијардерот во 2007 година, а тој ги отфрли сите обвиненија како комплетно неточни.

Имињата на Гизлејн Максвел, тајкун од Велика Британија и Лезли Векснер, милијардерот и основач на „Викторијас сикерт“ исто така на различни начини беа поврзани со Џефри Епстајн. Епстајн ја ангажирал Максвел како соработничка, која наводно вработувала девојќи од кои потоа ги принудувала да извршуваат сексуални масажи врз милијардерот, додека Векснер го ангажирал 66-годишниот моќник како финансиски консултант во 1991 година.