Најмалку 66 лица загинале во напад во северозападниот дел на Нигерија, објавија локалните официјални претставници на државата Кадуна.

– Безбедносните сили пронајдоа тела на 66 луѓе загинати во напад на криминални групи – се вели во соопштението.

Би-Би-Си јави дека меѓу жртвите имало 22 деца и 12 жени и дека телата биле пронајдени во областа Кајур, југоисточно од истоимениот главен град на сојузната држава.

Гувернерот на Кадуна, Насир ел-Руфаи, ги обвини „криминалните елементи” за нападите. Неговиот портпарол, Самуел Аруван, изјави дека безбедносните сили се веќе на трага на напаѓачот или на повеќе, но деталите не се познати.