Американскиот претседател Доналд Трамп вети многу голем трговски договор со Велика Британија по брегзит, по работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на самитот на Г7 во Бијариц, Франција.

Тоа е прва средба на двајцата лидери откако Џонсон стана британски премиер. Трамп рече дека договорот со Велика Британија ќе биде постигнат многу скоро.

– Ќе склучиме многу голем трговски договор, поголем отколку што некогаш сме имале со Велика Британија. И во еден момент нема да имаат пречка… затоа што сега го имаат тоа – рече Трамп.