Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и  севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун покажа дека рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога тврдеше дека директникот дијалог е единствен начин да се намалат тензиите со Северна Кореја, изјави денеска портпролот на Кремљ Дмитриј Песков.

На прес-конференција рече дека Самитот помогнал да се намалат тензиите на Корејскиот Полуостров, но и дека е погрешно да се очекува сите проблеми со северноркоејската ракетна и нуклеана програма да се решат за еден час.

Трамп и Ким разговатаа вчера во Сингапур, по што потпишаа заеднички договор за денуклеаризација.