Кремљ ги оквалификува како „апсурдни“ и „глупави“ тврдењата на американски медиуми дека претседателот на САД, Доналд Трамп можеби работи за Русија.

– Тоа се глупости, и што има тука да се коментира, вели во одговор на новинарски прашања Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател Валдимир Путин.

– Работите одат предалеку и невкусно е веќе да се зборува. Како може претседателот на САД да биде агент на друга држава?, запраша тој.

На истата тема денеска беше запрашан и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и тој ја отфрли идејата нагласувајќи дека тоа противречи на основните правила на дипломатијата.