Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков се согласи со мислењето на рускиот бизнисмен Олег Дерипаска и ги нарече санкциите против „Северен поток 2“ еден од елементите на хибридното војување, пренесува ТАСС.

– Општо, можеме да се согласиме со Дерипаска. Ова е навистина варијанта на хибридна војна, се користи како хибридна војна од САД“, рече Песков. „Да ги земеме, на пример санкциите против „Северен поток“…тоа е чиста хибридна војна која продолжува како војна придружена со нелојална конкуренција – додаде тој.

Во исто време, Песков истакна дека најдобриот одговор би бил да се почитуваат и да се обезбедат интересите на Руската Федерација што подразбира дека проектот„ Северен поток 2 “ ќе биде финализиран.

Дерипаска на својот канал на „Телеграм“ претходно ги опиша санкциите како оружје на модерната хибридна војна и ги спореди со бомбардирање градови или директно напаѓање на државните граници. Штетите врз цивилното население, според него, се уште поголеми.