Кремљ денеска соопшти дека прелетите на американските стратешки бомбардери Б-52 над неутралните води на Балтичко Море во близина на границата со Русија создаваат тензии во регионот.

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека авиони добиле задача да го пресретнат американскиот стратешки бомбардер Б-52 откако се упатил кон границата на Русија.

Само би кажал дека таквите акции на САД не водат кон јакнење на атмосферата на безбедност и стабилност во регионот… Всушност, спротивно тие создаваат тензии, истакна портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руската европска ексклава (територија опкружена од други држави) Калињинград се наоѓа на брегот на Балтичко Море.